Што се парите? Дали тие имаат влијание на начинот на кој се доживувавме себеси, другите, општеството или планетата на која живееме? Методологијата на реализација на интензивните креативни работилници вклучува поттикнување на учесниците од различни гледни точки, преку креативни вежби и употреба на релевантни текстови да истражуваат и зборуваат за парите и нивното значење; како и стратегии на gamification и употреба на виртуелна платформа за соработка.
Во текот на оваа учебна година, младите ќе имаат и по 10 работилници локално како и 10 експертски предавања, 60 онлајн сесии и 3 меѓународни ко – креации.
Во текот на престојот во Скопје преку низа организирани настани тие имаат можност да се запознаат со градот и дел од неговите најзначајни места вклучително со Музејот на современата уметност како симбол на солидарноста – една од клучните вредности на база на која ги градиме врските помеѓу учесниците во проектот.
Програмата TRY (Театарот ги обединува младите) е меѓународен проект кофинансиран од програмата Креативна Европа на Европската Унија и на Министерството за култура на СРМ и во соработка со Македонски народен театар и Театарот за деца и младинци Скопје во кој учествуваат 5 меѓународни огранизации од Србија, Чешка, Грција и Македонија (Eho animato, Peripetija, ArtCanAct, Tri groša, ViceVersa).