Целта на ова постапување од страна на поглавичето е позната, на незаконски начин да ја смени структурата на Ријасетот, за продолжување на неговиот мандат по исполнување на условите за пензија и самоволно со честиот посетител на Бугарија да го организира неколку милионскиот аџилак во 2023 година и за тоа му било потребно мнозинство на членовите на Ријасетот, која поддршка ја немал.
За потсетување на јавноста, Ријасетот како колегијален Уставен орган на Исламска верска заедница, помеѓу другото, предлага, избира и го разрешува Реис ул улема, воедно е главен и единствен организатор за реализација на хаџот, покрај тоа Ријасетот одлучува и за целокупната правно-административна и финансиско-економско работење на институцијата.
Поглавицата шаќо, кога си помисли дека доследно му успеал ѓаволскиот план на измислен пуч и таман да вдише од самозабавата како спасител на институцијата, правната разрешница си тропна на врата, при што на 5 октомври падна и првата пресуда од страна на Граѓанскиот суд – Скопје, со која се усвојува нашето тужбено барање и се поништува незаконската одлуката бр. 02-252 од 22 мај.2023 год, донесена од страна на Реис ул улема на ИВЗ од која одлука не се произведува никакво правно дејство. Па следеа и пресудите од 16 и 26 октомври.
Земајќи предвид дека сите пет одлуки на Реис ул улема на ИВЗ за разрешување на членови на Ријасетот, се со иста содржина, очекуваме и тужбите на другите двајца членови на Ријасетот да бидат усвоени од страна на судот, со што структурата на Ријасетот на ИВЗ се враќа на состојба од пред 22 мај 2023 година и сите одлуки и решенија на Реис ул улема на ИВЗ кои произлегуваат како резултат на незаконските и ништовни одлуки од 22 мај 2023 година, исто така се ништовни, а воедно моралните и законските последици без сомнение паѓаат лично врз самиот неспоредлив манипулант кој има име и презиме – Шаќир Фетаи.
Да не му бидам должен на пензионерот чичо шаќо, кој од кога е дојден на чело на Исламска верска заедница, пред повеќе од три години, а пред неговото срамно заминување, да го потсетам за неколку важни забележани постигнати резултати од негова страна во текот на неговиот мандат, и тоа:
1. Целосно реновирање на веце-ата на вториот кат на седиштето на ИВЗ, дело со која насекаде се фали кутриот за тоа големо постигнување, смилувај ни се мили Боже, сам ни бил идеатор, архитектот и надзорникот на реализација на истиот проект и, за ова животно постигнување, изгледа сме му должни да ја поставиме неговата слика во истите простории за посебни заслуги.
2. Човекот за повеќе од три години не успеал да ја исполни и уставната обврска, да именува главни имами на муфтиствата ширум земјава, поради многу едноставна причина, да не го именува за главен имам во Гостивар најголемиот негов лајкчија, обожавател и јавен поддржувач, станува збор за синот на поранешниот Реис од Гостивар. Но успеал за муфтија да го назначи синот на шурата исто така од село Чегране, барем си направил нешто за фамилијата.
3. Кога веќе му завршија тригодишните секојдневни лаги за наводна „легализација” на Средното исламско училиште „Иса бег медреса“, кутрото поглавиче спротивно на неговите уставни надлежности навлегол во промена на план – програмата на ова средна едукативна образовна установа, повторно за да направи нешто за фамилијата, овој пат да ѝ овозможи на родената ќерка да биде „мулти шприц адекватна професорка”, и затоа без одлука на Ријасетот, за претседател на комисијата го имал назначено познатиот „мулти експерт” професор – докторот од Тетово одговорен за дијаспората, а истиот се обвинува дека има проблеми со курбаните „крупниот добиток” и, според поглавицата, понекогаш му недостасуваат и средствата од дијаспората наменети за ИВЗ, па резилакот оди и до таму што му се споменува и некоја си „канта на овчо сирење” во текот на осумдесеттите години од минатиот век. Сепак, и покрај асистенцијата на „мулти експертот на дијаспората” повторно кутрата на поглавицата „абдал ефендија” останала неадекватна професорка, бидејќи истата во спротивно на сите педагошки норми предава дури пет предмети: Биологија, Физика, Хемија, Географија и Физичко воспитување, по што „мулти шприц професорката на поглавичето” отвара сериозна работа и за Државниот просветен инспекторат.
4. За да придобие поглавичето малку маснотии, продолжи да го организира аџилакот спротивно на неговите ветувања и уставни надлежности, и тоа токму со честиот посетител на Бугарија, кого години наназад, го обвинува за лопов на аџилакот, човек без кредибилитет и углед во внатрешноста, шеф на паркинг и редач на возен парк, и што не друго…, нормално и ова е доследна реформа.
5. За крај на ова поглавје, и после три години уште никој во ИВЗ не ги знае причините зашто поглавичето шаќо има силно полициско обезбедување, и зашто МВР дозволува истите постојано да бидат злоупотребени, од страна на поглавицата за негово лично наметнување при донесување и извршување на незаконски одлуки за постигнување на лична цел. Можеби грешам, и не сакам погрешно да бидам сфатен, но најверојатно ова класифицирана информација еден ден ќе ја обелодени „мулти експертот” професор доктор на дијаспората.
Според сите индикации заклучуваме, дека поглавицата шаќо со неговото конфузно и разочарувачко однесување како резултат на неговиот целосен неуспех, како катастрофална неуспешна личност, кој душевно не може да ја поднесува реалноста дека не е ништо друго освен зевзек манија и абдал ефендија, кој станал сериозен и загрижувачки проблем во ИВЗ од пошироки размери. Дури, некои го сметат за опфатен и со синдромот „нарцизам” кој има сериозни проблеми и е во длабока душевна криза, немајќи мир во себе си, човек кој залудно си го истроши скапоценото време со лаги, манипулации и фото албуми како недораснато детиште, без да ги мрдне работиве од мртва точка.
За реформите, внатрешна дебата и консултации пред донесување одлуки, законско работење, транспарентност и отворена институција за медиумите и јавноста, за моралот, чесноста, верата, духовноста и Божественото од сето тоа кај поглавичето шаќо ама баш буквално нема ништо. При што засекогаш во редовите на Исламска верска заедница ќе биде паметен како неспоредлив манипулант, лажливец, измислувач на ѓаволски планови со вештерски сценарија, абдал ефендија, и како човек кој буквално ама баш никогаш немал доблест да си искаже барен еден збор, и тоа дека никогаш не бил кодош.
Мухамер Весели, директор на Агенцијата за халал стандард и член на Ријасетот на ИВЗ