„На 3 септември во Скопје сите масовно да излеземе и да и кажеме на госпоѓата Станка Трајковска дека нејзината авантура со Здружението на пензионери е завршена и дека таква жена која не дава поддршка на 200.000 пензионери кои беа за линеарно зголемување не е потребна. Затоа да си поднесе оставка од нејзината функција, заедно со сите тие кои се во раководството“, вели Станојков.
Трајче Митев пензионер од Штип вели дека бараат и ревизија на финансиското работење на Здружението на пензионери.
„Дадовме барање до државниот Завод за ревизија, Управа за јавни приходи, Министерството за внатрешни работи и Финансиска полиција да се открие и да се види дали има малверзации во Здруженијата“, вели Митев.
Пензионерите кои протестираа за линеарно зголемување на пензиите бараат измени и нови Закони во делот на зголемувањето на пензиите, но и на постапката на кој се бира претседателот на Здружението на пензионери и колку години да биде неговиот мандат.