Марти и Џес Ансен го започнале своето прво крстарење на 16 јуни 2022 година, по две години строги ограничувања поради пандемијата ковид-19 во Австралија, и ги продолжија крстарењета, едно по друго.
Постарата двојка била на бродот „Принцес“ со 2.000 патници повеќе од 450 дена – подолго од повеќето членови на екипажот, вклучувајќи ги и капетаните.
Двојката тврди дека е поевтино да крстарат по светот две години отколку да платат дом за стари лица.
Тие велат дека предностите на таквиот начин на живот се тоа што секогаш има што да се прави, од танцување до вечера, а собарка им ја чисти кабината.
Џес особено ужива во танцувањето во салата за танц и хула танцот, додека Марти ужива во дружењето со другите патници. Нивното патување ќе трае уште осум месеци, но планираат да се качат на уште поголем брод за крстарење и таму да поминат една година.
Што се однесува до нивното семејство, велат дека ги гледаат кога застануваат на пристаништата во близина на нивните домови.