Американското министерство за одбрана соопшти и дека од почетокот на руската инвазија во Украина на 24 февруари 2022 година се издвоени 35,7 милијарди долари воена помош.
САД одобрија дополнителна помош во оружје и опрема за Украина од 300 милиони долари, соопшти вчера американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
Овој пакет помош вклучува дополнителна муниција за системите ХИМАРС, за хаубици, за артилерија, тенковска муниција, противтенковско оружје, ракети, камиони за превоз на опрема и резервни делови, како и останата неопходна опрема за јакнење на украинските сили на бојното поле.
САД на Украина ќе ѝ префрлат и хаубици од 155 милиметри во рамки на новиот пакет воена помош, соопшти Пентагон вчера.
„Овластувањето е триесет и седма пратка на опрема од резервите на опрема за министерството за одбрана на Украина од август 2021 година за време на администрацијата на Бајден и вклучува муниција чија вредност се проценува на 300 милиони долари“, се наведува во соопштението.