среда, 9 октомври 2024

Пентагон предупредува: Ни снемува средства за да го замениме оружјето што го испраќаме во Украина

Пентагон го предупреди американскиот Конгрес дека снемува средства за замена на оружјето што Вашингтон ѝ го испрати на Украина. Во писмото до лидерите на Конгресот, се наведува дека морале да го забават снабдувањето на некои трупи и го повика Конгресот да ги обнови средствата за Украина.

Објавено на

часот

Сподели

Шефот на Пентагон Мајкл Мекорд во писмото ги предупредува Претставничкиот дом и Сенатот дека преостануваат само 1,6 милијарди долари од 25,9 милијарди што Конгресот ги дал за пополнување на американските воени резерви што одат во Украина.

Залихата вклучува милиони артилериска муниција, ракети и проектили кои се важни за украинската контраофанзива. Мекорд рече дека без дополнително финансирање, САД ќе мора да ја одложат или ограничат испораката на оружје што е од критично значење додека Русија се подготвува да спроведе зимска офанзива, пишува АП.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ