Портпаролката на Пентагон Сабрина Синг не даде детали за видот на поддршката што ќе биде обезбедена, но рече дека Остин ѝ наредил на американската Северна команда да планира и да обезбеди поддршка на Тајната служба на различни локации за време на изборите.
Портпаролката на Тајната служба подоцна изјави дека ги засилила своите безбедносни операции по собирот на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп на 13 јули во Пенсилванија, на кој поранешниот претседател беше ранет и преживеа обид за убиство.
„Како дел од овој напор, Министерството за одбрана ѝ дава дополнителна помош на американската Тајна служба, вклучувајќи логистика, транспорт и комуникации, за време на кампањата во 2024 година“, рече портпаролката на Тајната служба.
Обезбедувањето на митингот во Пенсилванија беше под истрага поради загриженоста за тоа како осомничениот можел да добие пристап до покривот со директен поглед на местото каде Трамп зборува.
Тајната служба соопшти дека е „засрамена“ од безбедносниот пропуст и дека директорката Кимберли Читл поднесе оставка откако агенцијата се најде на удар на критики затоа што не спречила напаѓач да го рани поранешниот претседател Трамп на предизборен митинг.
Во престрелката загина еден учесник на собирот, а две лица се ранети. ФБИ не можеше да утврди што го мотивирало осомничениот за пукањето.