среда, 19 март 2025

Пентагон нареди пауза во сајбер-операциите против Русија

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет нареди „пауза“ во сите сајбер-операции против Русија, вклучително и офанзивни дејствија, објавија вчера неколку американски медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Оваа одлука е дел од поширокото преиспитување на операциите на САД против Русија, а временската рамка на која се однесува не е јасно дефинирана, пишува Њујорк тајмс.

Пентагон не дал одговор на прашањето на агенцијата Франс прес за ова, наведувајќи ја потребата од одржување на оперативната безбедност. Како и за другите тајни операции, властите речиси никогаш не коментираат за активностите во сајбер-доменот.

„Нема поголем приоритет за министерот Пит Хегсет од безбедноста на воените борци во сите операции, вклучително и во сајбер-доменот“, рече претставникот на Пентагон.

Американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц, синоќа на прашањето за приближувањето со Русија, негираше дека имало пауза во сајбер-операциите.

„За тоа не се разговараше, ќе има различни мерки, многу стапови и моркови, за да ѝ се стави крај на таа војна“, рече Волц.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ