четврток, 10 октомври 2024

Пентагон ја зголеми борбената готовност на своите сили поради потенцијална закана од Иран

Пентагон ја зголеми борбената готовност на своите сили поради потенцијалната закана од Иран, изјави денеска портпаролот на американското Министерство за одбрана, Пет Рајдер.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението се наведува дека во текот на викендот, министерот за одбрана Лојд Остин добил извештаи и му дал насоки на својот тим за најновите случувања на Блискиот Исток.

Министерот за одбрана Остин и претставници на Министерството за одбрана се фокусирани на заштита на американските граѓани и сили во регионот, одбрана на Израел и намалување на тензиите преку одвраќање и дипломатија, соопшти Пентагон.

Остин истакна дека САД се решени да го спречат Иран и неговите сојузници „да ја искористат ситуацијата или да го прошират конфликтот“ и јасно стави до знаење дека „доколку Иран или неговите партнери целат на американски персонал или интереси во регионот, САД ќе ги преземат сите неопходни мерки за да го одбранат својот народ“.

Американскиот министер веќе нареди носачот на авиони „УСС Абрахам Линколн“ да остане во оперативната област на американскиот Центком, додека „ УСС Васп Амфибиус- поморска единица за експедиција“ ќе продолжи да работи во источниот Медитеран.

Зголемено е и присуството на борбени авиони, меѓу кои Ф-22, Ф-15Е, Ф-16 и А-10, а во наредните денови дополнително ќе се зајакнат капацитетите за воздушна поддршка, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ