сабота, 8 февруари 2025

Пендаровски: Во духот на Рамазан да даруваме, помагаме и шириме добра волја

Објавено на

часот

Сподели

„Дозволете ми, Вам лично, на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите граѓани од исламска вероисповед во Република Северна Македонија да Ви упатам најсрдечни честитки по повод празникот Рамазан Бајрам. Посакувам празничните денови да ги поминете во мир и хармонија исполнети со среќа и радост и споделувајќи љубов со ближните. Во духот на Рамазан да даруваме, помагаме и шириме добра волја. Без разлика на верската, етничката и политичката припадност да имаме разбирање и почит кон сите наши сограѓани. Заедно, сплотени и солидарни да работиме на напредокот и благосостојбата на нашата заедничка татковина, Република Северна Македонија. Честит Рамазан Бајрам“, напиша претседателот на државата, Стево Пендаровски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ