Првиот дел беше крајно неизвесен, Вардар најчесто водеше, но Пелистер враќаше, на одморот се замина со нерешени 10-10.
Во второто полувреме при водство на Вардар од 12-11, гостите застанаа, а Пелистер имаше свое шоу, направи серија од 8-1 и поведе со 19-14.
До крајот на мечот битолскиот тим влезе во мирен и рутински финиш стигнувајќи до конечни 27-21.
Најдобар во победничкиот тим беше Кузмановски со осум голови, додека Николиќ постигна пет погодоци за Вардар.