Пелистер одигра спектакуларно прво полувреме кое го доби со фантастични 22-13. Вардар играше речиси без одбрани, голманите не фатија ништо, пелистерци бодрени од публиката по 30 минути веќе имаа предност од девет гола разлика.
Но, работите комплетно се порменија во вториот дел, тоа што го правеше Пелистер во првото, сега го реализираше Вардар. Второтите 30 минути им припаднаа на црвено-црните со 20-13. Не се спасија од пораз, но ова е резултат кој може да им донесе многу.
Вардар во Скопје победи со три гола разлика, Пелистер бркаше четири предност во Битола, имаше девет, но ги прокоцка и го доби мечот само со два разлика, 35-33.
Најдобар во составот на Пелистер беше Радивојевиќ со 13 голови, Кузмановски постигна осум. Во Вардар најефикасен беше Крсманчиќ со девет погодоци.
По 15 одиграни кола Алкалоид е прв со 28 бодови, Пелистер и Вардар имаат по 26.