понеделник, 9 декември 2024

Пазарниот инспеторат со засилени инспекции за „блек фрајдеј“

Државниот пазарен инспекторат ќе врши редовни и вонредни надзори за време на викендот, а посебно внимание ќе биде посветено на продажните акции за „блек фрајдеј“ со цел спречување на доведување во заблуда на потрошувачите и примена на измамнички трговски дејства.  

Објавено на

часот

Сподели

Од Пазарниот инспекторат информираат дека до нив во континуитет пристигнуваат поплаки за пушење во угостителските објекти поради што ќе се вршат и надзори согласно Законот за заштита од пушење. 

Апелираат до сите трговци и угостители, да ги почитуваат законите, а своите дејности и услуги да ги вршат во согласност со законските прописи.

„ Исто така, ги охрабруваме граѓаните, секоја неправилност која ќе ја забележат да ја пријават во Државниот пазарен инспекторат на 191 или на www.dpi.gov.mk“, се наведува во објавата од Државниот пазарен инспекторат. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ