Трајанов потсетува дека по Автентичното толкување, се запре постапката за четирите Хашки предмети, а со која беше наведено:
„Се ослободуваат од гонење, се запираат кривичните постапки и потполно се ослободуваат од извршување на казната затвор лица за кои постои основано сомнение дека подготвиле или сториле кривични дела поврзани со конфликтот во 2001 година.“
Ова толкување, како што наведува лидерот на Демократски сојуз, е спротивно на Уставот и Кривичниот законик, како и на Женевските конвенции, со кои е дефинирано дека злосторствата против цивилите не застаруваат.
Уставниот суд треба да ја прифати иницијативата и да донесе одлука за отстранување на правните пречки за продолжување на постапката по четирите Хашки случаи, рече Трајанов.
Парафразирајќи ја пораката од Дуња Мијатовиќ, комесарка за човекови права при Советот на Европа, која со писмо до македонската Влада побара оваа амнестија да биде поништена, а предметите да бидат активирани, Трајанов во изјавата за медиумите рече:
Б. Повреда на чл.51 од Протокол I – Дополнителен протокол кон Женевските конвенции од 12 Август 1949 година, кој се однесува на заштита на жртвите во меѓународните вооружени судири.
- Цивилното население и цивилите поединци уживаат општа заштита од опасностите што произлегуваат од воени операции. За да се спроведе таа заштита, ќе се почитуваат во сите околности следните правила, кои се дополнителни на другите применливи правила на меѓународното право.
- Цивилното население како такво, како и цивилите поединци, нема да бидат цел на напад. Забранети се акти или закани со насилство чија главна цел е да шират терор меѓу цивилното население.
- В. Повреда на чл.11 од Уставот на Република Северна Македонија.
Член 11
Физичкиот и моралниот интегритет на човекот се неприкосновени. Се забранува секој облик на мачење, нечовечко или понижувачко однесување и казнување. Се забранува присилна работа.
Согласно член 108 од Уставот на Република Северна Македонија, Уставниот суд е орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста.
Согласно член 112 од Уставот: Уставниот суд ќе укине или поништи закон ако утврди дека не е во согласност со уставот. Уставниот суд ќе укине или поништи друг пропис или општ ап, колективен договор, статут или програма на политичка партија или здружение, ако утврди дека тие не се во согласност со Уставот или закон. Одлуките на уставниот суд се конечни.
Согласно член 12 од Деловникот на Уставниот суд, секој може да поднесе иницијатива за поведување на постапка, уставност на закон и уставност и законитост на пропис или друг општ акт.
Потоа, во иницијативата Трајанов додава извадок од Службен весник:
„Со автентичното толкување на Законот со амнестија, објавен во Службен весник број 99/2011 од 22.07.2011 година се ослободуваат од гонење, се запираат кривичните постапки и потполно се ослободуваат од извршувањето на казната затвор (во натамошниот текст: амнестија), граѓани на Република Македонија, лица со законски престој, како и лица кои имаат имот или семејство во Република Македонија (во натамошниот текст: лица), за кои постои основано сомневање дека подготвиле или сториле кривични дела поврзани со конфликтот во 2001 година, заклучно со 26 септември 2001 година. Амнестијата се однесува и на лица кои и пред 1 јануари 2001 година, подготвувале или сториле кривични дела во врска со конфликтот во 2001 година“.
Лидерот на Демократски сојуз Павле Трајанов смета дека вака определеното законско решение е во колизија со горенаведените домашни и меѓународни законски прописи.
„Имено чл.112 од КЗ е дециден и категоричен дека не постои застарување на кривични дела за кои со ратификувани меѓународни договори е предвидена незастарливост. Доколку вака наведената законска норма се анализира со чл.51 од Протокол I – Дополнителен протокол кон Женевските конвенции од 12 Август 1949 година, ќе се дојде до заклучок дека автентичното толкување на членот 1 од Законот за амнестија е недозволено и неуставно. Следствено на наведеното може да се дојде до заклучок дека со наведеното законско решение, всушност се кршат меѓународните норми, со тоа што во конкретниот случај во конфликтот во 2001 година имавме директни напади на цивили, која што цел беше да шират терор меѓу цивилното население, што е недозволено протокол I чл.51 од Женевската конвенција.
Понатаму во наведените меѓународни норми е децидно наведено дека „цивилното население и цивилите поединци уживаат општа заштита од опасностите што произлегуваат од воени операции“ , што во конкретниот случај во конфликтот во 2001 година не беше исполнето, што упатува на околноста дека со автентичното толкување на членот 1 од Законот за амнестија се постапува спротивно на меѓународно ратификуван договор.
Исто така Автентичното толкување на членот 1 од Законот за амнестија е во спротивност со чл.11 од Уставот на Република Северна Македонија кој децидно стипулира дека „се забранува секој облик на мачење, нечовечко или понижувачко однесување и казнување“.