понеделник, 17 март 2025

Патрушев: Британците и НАТО сакаат да ја окупираат Украина

Британците заедно со НАТО сојузниците се обидуваат да ја окупираат Украина под превезот на поддршка поради долготрајната војна со Русија, со цел Црното и Балтичкото Море да ги претворат во внатрешни води на Алијансата, изјави денеска Николај Патрушев, помошник на рускиот претседател и претседател на Рускиот поморски колегиум.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Денес, под превезот на поддршка на Украина, Британците заедно со другите земји од НАТО се обидуваат да ја заземат украинската земја заради долготрајната конфронтација со Русија и да го претворат Црното Море, а во исто време и Балтикот, во внатрешни води на НАТО“, рече Патрушев.

Тој рече дека НАТО се обидува да наметне законски измени на европските земји што ќе подразбираат запленување на руски бродови во Балтичкото Море „и при најмало сомневање“, поради традиционалната желба на Западот да ја истисне Русија од Балтикот, пренесува ТАСС.

Тој, исто така, потсети дека Лондон сакаше да ѝ го забрани пристапот на Русија до Црното и Балтичкото Море уште од времето на Петар Велики.

Патрушев оцени дека никој не направил толку многу за да ја уништи украинската државност како претседателот на земјата Володимир Зеленски, неговите поддржувачи и нивните „покровители“ на Запад.

Тој рече дека Русија го почитувала суверенитетот на Украина и одржувала добрососедски односи по распадот на СССР и покрај тоа што Украина, како што рече, е „вештачки создадена“, пренесува РИА Новости.

„Западот ја претвори Украина во свој протекторат, кој стана отскочна даска за подготовка на антируската агресија. Со овој пристап, украинската државност стана толку разнишана што се потпира само на поддршка од странство. Киевската хунта ја нема поддршката од сопствениот народ, претседателот на земјата е нелегитимен, а неонацистичката власт ја одржува послушноста на украинските граѓани под закана за смрт“, додаде тој.

Патрушев истакна дека земјите од ЕУ се „најголемите виновници“ за уништувањето во Украина, но дека по војната, за која оцени дека ќе заврши со „безусловна“ победа на Русија, тие ќе потрошат уште повеќе пари за обнова на земјата.

„Зајакнувањето на неонацистичкиот режим во Киев и неговите вооружени формации, транснационалните англиски и американски корпорации не го кријат својот интерес за непречен пристап до природните ресурси – ретки земни метали, нафта, гас, јаглен, плодна почва. Англосаксонците не се заинтересирани за населението на Украина, нејзината индустрија, градовите и иднината на оваа земја“, оценува Патрушев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ