вторник, 5 ноември 2024

Хаос на белградскиот аеродром поради грешка со патниците од Македонија

Поради грешка во функционирањето на услугите на операторот на аеродромот Никола Тесла во Белград, во неделата околу 17:00 часот во транзитната зона настанало мешање меѓу патници кои пристигнале од Скопје и други патници кои имаат намера да патуваат до европски и светски дестинации, а над кои претходно била извршена контрола и преглед на лица и багаж.

Објавено на

часот

Сподели

Поради ваквата состојба, пренесува Макфакс за да се обезбедат неопходните услови за безбедност на авионите и патниците, барањата на операторот и персоналот на аеродромот до МВР беа да се запре понатамошната пасошка контрола на излезот од Србија и на влезот на нови патници во транзитната зона, додека транзитната зона не се испразни и не се изврши повторен безбедносен преглед на сите лица во таа зона, што вообичаено го врши персоналот на операторот на аеродромот Никола Тесла, согласно Законот за воздушен сообраќај.

Од наведените причини граничната полиција привремено ја прекина пасошката контрола со цел да се почитуваат безбедносните услови и да се воспостави целосна безбедност на лицата и воздухопловите.

Сето ова предизвика хаод на белградскиот аеродром Никога Тесла, а патници паѓале во несвест поради големата концентрација на луѓе на мал простор.

Од компанијата Ер Србија најавија дека ќе ги компензираат или пренасочат патниците од Македонија кои претрпеле штета или пропуштиле понатамошни летови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ