недела, 6 октомври 2024

Партијата на Путин објави победа, Брисел не ги признава изборите

Партијата Единствена Русија прогласи победа на регионалните избори, победувајќи со голема разлика, соопшти денеска Владимир Јакушев, вршител на должноста секретар на Генералниот совет на Единствена Русија.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Единствена Русија победи со голема разлика, партијата предложи повеќе од 36.000 кандидати за 35.000 мандати и освои апсолутно мнозинство. Партијата го потврди својот статус на водечка политичка сила“, изјави Јакушев, пренесува Тасс.

Според податоците што ги приложи, кандидатите од Единствена Русија победиле на сите избори за високи регионални функционери, а на изборите за законодавни собранија во 13-те конститутивни ентитети на Руската Федерација партијата освоила 545 од 659 мандати.

Единствена Русија победи и на општинските избори.

Од 6 до 8 септември во руските региони се одржаа речиси 4.000 изборни кампањи на сите нивоа.

Во 21 регион се одржаа директни избори за шефови на конститутивните ентитети на Руската Федерација.

Во 13 конститутивни ентитети на Руската Федерација, пратениците беа избрани во законодавните собранија. Дополнителни избори за Државната дума беа одржани и во три изборни единици.

Европската унија нема намера да ја признае легитимноста на изборите за кримскиот парламент и локалните совети, соопшти Европската служба за надворешни работи.

„ЕУ не ги признава таканаречените избори и нивните резултати на Крим. Тие се неважечки и не можат да имаат никакви правни последици“, се вели во соопштението.

Покрај тоа, ЕУ се закани и со „последици“ за оние кои се вклучени во организирањето и спроведувањето на гласањето на Крим, очигледно заборавајќи дека Крим се врати во Русија по референдумот во март 2014 година, кој беше поддржан од 96,77 отсто од граѓаните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ