Тој вели дека одлуката е донесена спротивно на волјата на народот и бара распишување на референдум за ова прашање.
„Го признавте Косово иако од Косово имаше класичен упад на КЗК корпус и напад на воен конвој на АРМ од страна на косовските сили. Има споменици за амнестираните терористи, дел од нив станаа државни функционери, како на пример претседателот на Собранието, кого и денес го нарекуваат команданте. А за загинатите припадници на АРМ нема решен статус и обележјата (не споменици) постојано се кршат.
Во која држава во светот го има тоа, терористи (УЧК е прогласена за терористичка организација) сега да управуваат со државни институции? Поголема штета прават денеска што ги уриваат институциите како продолжение на 2001 година“.
Илијевски се осврнува и на другите случувања во Македонија.
„Зошто неуставно се укинати три пратенички места од дијаспората, од најголемата изборна единица 7. До кога во борбата за власт македонските најголеми партии ќе прават антидржавни отстапки и непринципиелни коалиции со албански партии?
Кој ја води надворешната политика на Македонија со застапување на на интересите на Косово и барање на другите држави да го признаат. Имаме ли државна национална стратегија или само уценета партиска политика заради формирање на власта.
Што прави Агенцијата за национална безбедност кога по државата се шетаат поединци со странски знамиња – бугарски, знамиња на голема Албанија… работат ли нешто за националната безбедност?
Кој ја води и чија е Македонија? До кога мислите дека може вака?
Зошто се уништени државните институции и направена е нефункционална држава со вработувања на нестручни и корумпирани партиски кадри?
Треба ли други да ни кажуваат дека има огромна корупција, тоа да го признаваме и ништо да не се презема?
Македонија тоне, а македонските партии освен што се препукуваат и навредуваат ништо конкретно не преземаат, не сте свесни дека ја губите државноста, суверенитетот и интегритетот.
Дали државна стратегија е на Македонците од дијаспората да не им се даваат македонски државјанства, а ДУИ се фали дека доделиле 12.000 државјанства (изјава на државен функционер). Еден Македонец од Србија веќе трета година чека на македонско државјанство, со комплет документација… Толку ли чекаат и криминалците кои добиваа македонско државјанство?
Доста беше, разбудете се, не ја уништувајте државата, вие не ја направивте, за неа гинеа многу пред вас, за вие денес да ја распродавате“, се вели во обраќањето до јавноста на Горан Илијевски, претседателот на Партијата на Македонците во Србија.