вторник, 15 октомври 2024

Парламентот на Тајланд го потврди изборот на Срета Тависин за премиер

Објавено на

часот

Сподели

Парламентот на Тајланд денеска го потврди изборот на Срета Тависин за нов премиер, три месеци по изборите на кои владејачките генерали претрпеа пораз.

Срета Тависин (61), тајкун од опозициското движење ПТП (Феу Таи), кое е отворено за монархијата и генералите, може да го изведе кралството од повеќемесечната неизвесност.

Новиот премиер најави амбициозен економски план за обнова на земјата која стагнира од пандемијата, истакнувајќи ги неговите успеси на чело на гигантот за недвижности Сансири.

Тајланѓаните ѝ нанесоа крупен пораз на војската која владееше речиси една деценија на изборите на 14 мај.

Врховниот суд на Тајланд денеска му одреди притвор на поранешниот лидер Таксин Шинаватра, по неговото враќање во земјата по 15 години егзил.

Шинаватра, 74-годишен милијардер, беше на власт помеѓу 2001 и 2006 година пред да биде сменет со државен удар. Тој ќе мора да помине осум години зад решетки.

За три случаи му се судеше во отсуство.

Шинаватра беше одведен пред Врховниот суд под полициска придружба набргу откако пристигна на аеродромот во Бангкок од Сингапур околу 9 часот по локално време.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ