вторник, 8 октомври 2024

Папата Франциско: Воздушните напади на Израел врз Либан се ужасна ескалација

Папата Франциско ја осуди ескалацијата на насилството во Либан и апелираше до меѓународната заедница да направи сé што е во нејзина моќ за да се стави крај на тоа.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Римокатоличкиот поглавар изрази жалење за ситуацијата во Либан, каде бомбашките напади предизвикаа уништување во последните денови.

„Се надевам дека меѓународната заедница ќе ги вложи сите можни напори да стави крај на оваа страшна ескалација“, изјави папата.

Од понеделник, израелските воздушни напади се насочени кон упориштата на про-иранското исламистичко движење Хезболах, на југот и на истокот на Либан, како и во јужните предградија на Бејрут. Во нападите загинаа повеќе од 550 лица.

Хезболах денеска соопшти дека истрелал балистичка ракета врз седиштето на Мосад, во близина на Тел Авив.

Ватикан не објави детали за здравствената состојба на папата откако во понеделникот објави дека Франциско ги откажал своите состаноци за тој ден. Тогаш беше кажано дека папата ја донел одлуката како мерка на претпазливост за претстојните патувања во Луксембург и Белгија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ