среда, 16 октомври 2024

Панди Јани ги повика Македонците од Пустец да го дадат гласот тој да биде градоначалник

Објавено на

часот

Сподели

„Ветувам и ќе се залагам,  доколку бидам избран за градоначалник, дека ќе направам општината да биде вистински сервис за сите жители, каде што народот ќе биде на прво место. Гарантирам дека повеќе нема да има вработувања по роднинска и партиска врска, туку за мене сите жители ќе бидат подеднакво исти,  а вработувањата транспарентни, се со цел модернизација на самата општина, стои во пораката.

 

Како градоначалник, додава тој,  ќе стои на располагање на  секој жител за решавање на нивните проблеми во најкраток можен рок.

 

„Иднината им припаѓа на младите! Дајте шанса од општина Пустец да создадеме вистински атрактивно туристичко место, од кое бенефит ќе имаат сите жители, а особено младите“, апелира Јани.

 

„Направете го вистинскиот избор и дајте шанса на промените за заедно да победиме! Промените доаѓаат, следува модернизација на општината…Верувам во голема победа, која е блиску за сите нас“, порачува Јани.

 

Панди Јани е родум од Пустец, тој е дипломиран менаџер по туризам, моментно невработен. Претходно, во периодот 2015-2019 бил раководител на секторот за туризам во општината. Кандидат е на Партијата на слободата,  на поранешниот албански претседател Илир Мета, која ја предводи опозициската изборна коалиција „Заедно победуваме”.

 

На претстојните избори за градоначалничката функција  е во трка со актуелниот Пали Колефски, кој е заеднички кандидат на владејачката Социјалистичка партија и единствената македонска партија, МАЕИ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ