Иако гостите на мечот го отворија резултатот во 20. Минута со погодокот на Попеску, вистински пресврт се случи во вториот дел, кога прво Кавани израмни во 65., а потоа Пандев го однесе неговиот тим помеѓу 16-те најдобри во италијанскиот куп. Погодокот на струмичанецот беше вистинско ремек-дело, тој беше прецизен од слободен удар, кој го изведе од десната странична позиција, за огромна радост и делириум на трибините. Пандев слободно може да се прогласи за играч на мечот и творец на пресвртот, зашто беше асистент и при постигнувањето на првиот погодок за домашните.
Ова беше трет гол за Пандев во последните три меча за „наполитанците“ – тој претходно стрелаше и на првенствените средби со Палермо и Џенова.