среда, 4 декември 2024

Панама ги суспендира дипломатските односи со самопрогласената Сахрави

Република Панама во четвртокот одлучи да ги прекине дипломатските односи со самопрогласената САДР (Арапска демократска република Сахрави).

Објавено на

часот

Сподели

„Во согласност со правилата на меѓународното право, владата на Панама одлучи од четвртокот да ги прекине дипломатските односи со самопрогласената САДР“, се вели во соопштението на панамското Министерство за надворешни работи.

„Република Панама, давајќи приоритет на националниот интерес и во согласност со основните принципи на нејзината надворешна политика, ја потврдува својата увереност во целите и вредностите кои го водат мултилатерализмот и ја повторува својата подготвеност да продолжи да ги поддржува напорите на генералниот секретар и меѓународната заедница, во рамките на Обединетите нации, со цел да се постигне мирно, праведно, трајно и прифатливо решение за страните вклучени во прашањето на Сахара“, се додава во соопштението.

Република Панама „ја потврдува својата посветеност на дијалогот и мултилатералната соработка, целосно усогласени со конструктивната надворешна политика насочена кон зајакнување на меѓународниот мир и безбедност“, се посочува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ