Килијан Мбапе наскоро треба да соопшти каде ќе игра следната сезона, напаѓачот постигнал договор и со ПСЖ и со Реал и сега само треба да одлучи дали ќе остане во Париз или ќе се пресели во Мадрид.
„Кралевите“ повеќе не се толку цврсто убедени дека ќе го ангажираат Французинот, и полека стравуваат дека Килијан Мбапе ќе стави потпиа на нов договор со „светците“.
Според пишувањата на Еуроспорт, последната понуда на ПСЖ се граничи со лудост, на маса била ставена нето плата од 100 милиони евра, плус бонус за потпис на договорот од 300 милиони евра.
Новинарот Томас Ронсеро исто така пренесе за слични бројки и порача дека Реал Мадрид не помислува да ја изедначи понудата.
„ПСЖ нуди пари од кои ќе ви се сврти во глава, се спомнува сума помеѓу 200 и 300 милиони евра како бонус за потпис, како и годишна плата од 100 милиони евра. Реал Мадрид никогаш нема да понуди вакви бројки, ниту пак има намера да влезе во војна на наддавање“ – вели Ронсеро