вторник, 3 декември 2024

Отстранети 230 непрописно паркирани возила во Центар

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и локалната самоуправа, во соработка со Сообраќајната полиција – Скопје, минатата недела санкционираа 230 непрописно паркирани возила што го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, информираат денеска од претпријатието.

Објавено на

часот

Сподели

„Од 25 до 31 март, со помош на специјалните возила пајак, отстранети се 120 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство блокатор, санкционирани се 110 возила што биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници – резиденти на секторот, каде биле паркирани“, појаснуваат од претпријатието.

Оттаму додаваат дека со Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка, со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на општината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ