Тепачите силите си ги пресметале со употреба на тврди предмети и ладно оружје.
Од штипската болницата информираа дека повредените се прегледани на одделенијата за ортопедија и хирургија, констатирани се полесни повреди и се пуштени на домашно лекување.
Од штипската полиција потврдија дека работат на расчистување на случајот иако тепачката ја нема во билтенот што МВР редовно го објавува во текот на едно деноноќие. Оттаму нема ниту информација дали има приведени по тепачката.
Информиран е и јавен обвинител, а на распит се повикани неколку лица.