среда, 9 октомври 2024

Осуммина ќе одговараат за сообраќајката во која загинаа двајца скопјани, еден беше малолетен

Eдиницата за насилен криминал при СВР Скопје, до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, поднесе кривична пријава против шестмина скопјани, и по едно лице од Битола и Косово, како и две скопски и една фирма од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела предизвикување опасност при градежни работи во врска со кривично дело тешки дела против општата сигурност и кривично дело загрозување на безбедноста на сообраќајот во врска со кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„На 2 септември 2024 во 11:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, на околу два километри пред наплатна станица Миладиновци, патничко возило мерцедес со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.А. од село Опае, кумановско, удрило во непрописно поставени сообраќајни знаци за пренасочување на сообраќајот и во запрено товарно возило ман со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, а непрописно паркирано од Р.П. од село Глумово, скопско. Во несреќата од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот Б.А., а подоцна, во Комплексот клиники Мајка Тереза во Скопје од здобиените повреди починал и малолетен сопатник од село Опае“, информираше МВР.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ