Според СВР Тетово, вчера во полициското одделение Маврово било пријавено дека кај место викано „Бела вода” во Мавровско Езеро биле пронајдени остатоци од човечки скелет.
Остатоците, биле подигнати за вештачење. Увид бил извршен во координација со јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.