среда, 16 октомври 2024
Шефот на дипломатијата од Шпанија

Османи од Шпанија: Без обединет и мирен Балкан нема обединета и просперитетна Европа

Објавено на

часот

Сподели

Во дискусијата за проширувањето и соседството со фокус на Западен Балкан и неговиот пат кон ЕУ, каде меѓу учесниците беше и министерката за надворешни работи на Албанија Олта Џачка, Османи се осврна на зголемениот акцент на важноста на проширувањето на ЕУ, потенцирајќи дека постои консензус кај државите од регионот и кај држави членки на ЕУ дека тоа сè уште не е доволно.

„Дваесет години по Самитот во Солун, итно ни е потребна среднорочна визија за нашиот регион во рамките на Унијата“, подвлече министерот и додаде:

„Ние веруваме дека овие два процеса се комплементарни. Подготовката на ЕУ за проширување треба да оди рака под рака со подготовката на земјите од Западен Балкан за пристапување во Унијата. Потребно ни е овие процеси да ги усогласиме, да ги поврземе. Уверени дека не постои алтернатива на членството, она што ни треба сега е да ја одржиме кредибилноста на процесот бидејќи во моментов постои јаз помеѓу ветувањата на ЕУ од Солунскиот самит, дадени пред 20 години, дека Западен Балкан ќе стане дел од ЕУ поради што процесот губи на атрактивност и станува ранлив и податлив на надворешни влијанија како што е руското влијание во регионот. Затоа предлагаме да се воведе концептот на повеќе интеграција пред членство не како алтернатива на самото членство, туку како меѓуфаза низ која ќе поминуваме на патот кон полноправното членство. Штом земјите од Западен Балкан станат дел од системот на европските вредности, пристапувањето во ЕУ ќе стане само формален момент, рече Османи.

Во контекст на значењето на Западен Балкан, тој презентираше карта каде регионот е прикажан како остров опколен „од морето на ЕУ“, загатката, вели, што недостига за целосна завршена Европа, шест земји од Западен Балкан целосно опколени од земји членки на ЕУ.

„Значи географски е невозможно да се стави на страна регионот. Ова ни влева доверба дека ЕУ нема да биде комплетен, мировен, одржлив проект без интеграцијата на Западен Балкан. Шесте земји кои по големина заедно се помали од територијата на Романија со само 18 милиони население од кои 15 милиони резиденти, со помалку од 1 процент од БДП на ЕУ и помалку од 4 проценти од популацијата на ЕУ“, вели Османи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ