недела, 13 октомври 2024

Oсмани е со две раце за бришење на дефиницијата „20 отсто“ од Уставот, но не е сигурен дали е сега добар момент

Објавено на

часот

Сподели

„Јас не велам политичките партии дека не треба да ги постават сите теми во комисијата, туку таму да дебатираме, таму да разговараме доколку сметаме дека може, еве јас со две раце давам поддршка, но доколку гледаме дека ова може да се злоупотреби, тогаш треба да бидеме внимателни како ќе го претставиме интересот на нашата заедница“, изјави Османи.

Во однос на барањата од некои од партиите на Албанците кои учеството во работната група за уставни измени и поддршката на измени на Уставот ја условуваат со 20-те отсто, но и со други барања, како тоа на Алтернатива, за прифаќање на закон со кој политичката корупција нема да застари како кривично дело, Османи вели дека се работи за демагогија и оти е очигледно дека и во ваква ситуација наместо во прв план да биде ЕУ-интеграцијата, се ставаат партиските интереси.

„Тие не сакаат уставни измени, туку водат партиска пропаганда за собирање политички пеони. Јас сакам уставни измени, меѓутоа не сакам да бидам дел од платформа која е составена за уставните измени, тоа е демагогија пар екселанс и мислам дека граѓаните многу лесно тоа го разоткриваат“, рече Османи.

                                                                                                                                                   Фото: МНР

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ