среда, 15 јануари 2025

Осма година по ред, КАМ е најпрефериран ланец маркети во Македонија

Според истражувањето кое го спроведе агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД каде се вреднува само ставот на потрошувачите, компанијата КАМ доби најмногу гласови и се најде на првото место во главната категорија „префериран ланец на маркети“. Дополнително, сите што учествуваа во анкетата потенцираа дека тука има највисока лојалност на купувачи, се добива најдобар сооднос помеѓу цената и квалитетот и воедно маркетите се со најдобра локациска покриеност, невдуваат од агенцијата.

Објавено на

часот

Сподели

Од Инсајдер ИД посочуваат дека во истражувањето „Преферирани ланци на маркети за 2024 година” е користен репрезентативен примерок од повеќе од 1.300 активни потрошувачи.

Според резултатите, КАМ осум години ја држи позицијата како префериран маркет во кој потрошувачите пазарат. Во тековното истражување за 2023/24 година приближно 72 отсто од потрошувачите го избрале тврдиот дисконт како место за пазарење. Всушност, велат од Инсајдер ИД, забележливо е дека ланецот го одржува учеството во последните четири години приближно на еднакво ниво, што посочува дека има континуитет и при големи турбуленции на пазарот.

„Со гордост ја добивме веста дека осма година по ред сме префериран ланец на маркети, што е доказ за посветеноста на нашиот тим, нашата компанија и за вербата што нашите клиенти ја имаат во нас. Ова признание е резултат на континуираната посветеност за обезбедување квалитетни производи и услуги, како и за создавање долгорочни и стабилни партнерства. Нашата цел, но и обврска како лидер во индустријата е да ги разбереме и задоволиме потребите на нашите клиенти и да внесуваме иновации. Ние ќе продолжиме да инвестираме во нови технологии, да ја прошируваме нашата понуда и да се фокусираме на создавање вредност за нашите клиенти и партнери сѐ со цел на континуирано подобрување на потрошувачкото искуство. Благодарни сме на довербата што ни ја покажуваат потрошувачите, и ова признание ни дава уште поголема мотивација за напредок“, велат од КАМ.

Од компанијата потенцираат дека дополнително, сите што учествуваа во анкетата потенцираа дека тука има највисока лојалност на купувачи, се добива најдобар сооднос помеѓу цената и квалитетот и воедно маркетите се со најдобра локациска покриеност, невдуваат од агенцијата.

КАМ нуди широк асортиман на производи и услуги кои ги задоволуваат потребите на различни потрошувачи. Компанијата посветува големо внимание на градењето силни односи со своите клиенти и партнери со континуирани инвестиции во нови технологии. Тимот на КАМ маркети постојано ја подобрува понудата и услугите за да одговори на современите трендови и барања на пазарот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ