Детскиот културен центар „Карпош“ со својот фолклорен ансамбл е домаќин и организатор на фестивалот под покровителство на Град Скопје.
Директорката на фестивалот Билјана Лалчевска-Серафимовска истакнува дека „Оро без граници“ е симбол на пријателствo меѓу децата кој континуирано се одржува од 1991 година.
„Еден од главните и најсимболични моменти на фестивалот е дефилето на учесниците, каде се формира најголемото оро, кое не познава граници, оро кое е симбол на пријателство меѓу децата. Овој детски фолклорен фестивал придонесува за зачувување и презентирање на традицијата и културата и промовирање на знаменитостите по кои е препознатливо Скопје“, потенцира Лалчевска-Серафимовска во најавата за настанот.