Тој за државното радио изјави дека Унгарија мора да биде упорна во повикувањето на мир, нагласувајќи дека војната е многу скапа, дека Украина останала без пари и едвај преживува, пренесува агенцијата МТИ.
Според Орбан, украинската армија е оперативна исклучиво благодарение на западните пари.
„Постојат две прашања: едното се однесува на одлуката на претседателот на САД за тоа колку долго ќе трошат милијарди овде во Источна Европа, а второто е колку долго може да издржи Европа“, рече Орбан.
Тој додаде дека ЕУ може да генерира пари доколку земјите-членки ги вложат своите пари во заеднички фонд, но дека останува прашањето, како што наведе, „колку можеме да издржиме кога европската економија е во неволја и не гледаме крај на војната“.