понеделник, 11 ноември 2024

Орбан порача дека Европската Унија мора да се менува

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан изјави денес дека Европската Унија мора да се промени, а унгарското претседавање со ЕУ има за цел „да биде глас и катализатор на промените“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во своето обраќање во Европскиот парламент во Стразбур каде ја претставуваше унгарската програма, Орбан кажа дека конкурентноста е најважниот елемент на промената.

Според него, задачата на Унгарија е да укаже на промените и да изнесе предлози во интерес на мирот, безбедноста и просперитетот на ЕУ.

Што се однесува до проблемот со конкурентноста на ЕУ, Орбан кажа дека економскиот раст на блокот во последните две децении константно заостанува зад растот на Соединетите Американски Држави и Кина и дека растот на продуктивноста бил поспор од растот на конкурентите, како и дека европскиот удел во глобалната трговија опаднал.

„Претпријатијата плаќаат два до три пати повеќе за струја отколку во САД, а цените на гасот се четири до пет пати поголеми“, додаде Орбан.

Унгарскиот премиер потсети дека Унгарија првпат претседаваше со Советот на ЕУ во 2011 година и дека ситуацијата во блокот денес е „далеку потешка и посериозна“ од тогаш, мислејќи на конфликтите во Украина и на Блискиот Исток.

Орбан истакна дека блокот се соочува со одлуки кои ќе ја одредат неговата судбина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ