„Ние бевме поддржувачи на републиканскиот кандидат Доналд Трамп без намера да се мешаме во американските избори. Иако, впрочем, постои мешање во унгарските избори. Политиката на Западот денес е во рацете на еден тесен круг политичари, на една елита. И ако се прашаме зошто како како Запад и како ЕУ губиме, тоа е заради тој елитистички круг на застарени политичари кои не можат да се справат со светските предизвици. Затоа треба да поддржиме енергични политичари. Западната елита нема свежа крв, таа е зачаурена во тесен круг и ги губи позициите на светската политичка сцена.
Ако Америка сака да има претседател кој сака војна, тогаш во светот ќе има војна. Трамп знаеме како функционира и тој е на страна на мирот, а нас ни е потребен мир. Затоа сакаме на чело на САД да биде лидер кој сака мир“, изјави Орбан на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски, а запрашан од новинарите дали и натаму го поддржува Трамп, а не Бајден, и зошто.
Oрбан потсети дека Унгарија уште во 2015/16 година била отворен поддржувач на политиката на американскиот претседател Доналд Трамп.