петок, 27 септември 2024
Изјава на унгарскиот премиер

Орбан од Охрид: Трамп е за мир, на светот му требаат лидери кои не се за војна

Ако САД сакаат да имаат претседател кој е за војна, тогаш светот ќе има војна, ако сакаат да има мир, треба на чело на Америка да е политичар кој е за мир, а Доналд Трамп е за мир, изјави во Охрид унгарскиот премиер Виктор Орбан на новинарско прашање.

Објавено на

часот

Сподели

„Ние бевме поддржувачи на републиканскиот кандидат Доналд Трамп без намера да се мешаме во американските избори. Иако, впрочем, постои мешање во унгарските избори. Политиката на Западот денес е во рацете на еден тесен круг политичари, на една елита. И ако се прашаме зошто како како Запад и како ЕУ губиме, тоа е заради тој елитистички круг на застарени политичари кои не можат да се справат со светските предизвици. Затоа треба да поддржиме енергични политичари. Западната елита нема свежа крв, таа е зачаурена во тесен круг и ги губи позициите на светската политичка сцена.

Ако Америка сака да има претседател кој сака војна, тогаш во светот ќе има војна. Трамп знаеме како функционира и тој е на страна на мирот, а нас ни е потребен мир. Затоа сакаме на чело на САД да биде лидер кој сака мир“, изјави Орбан на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски, а запрашан од новинарите дали и натаму го поддржува Трамп, а не Бајден, и зошто.

Oрбан потсети дека Унгарија уште во 2015/16 година била отворен поддржувач на политиката на американскиот претседател Доналд Трамп.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ