среда, 9 октомври 2024

Орбан: Конфликтот ќе заврши кога САД и Европа ќе престанат да го финансираат Киев

Објавено на

часот

Сподели

„Всушност, Украина е финансиски непостоечка земја. Падот на економските показатели е огромен, што е целосно разбирливо поради војната. Очигледно е дека Украина не може самата себе да се финансира“, кажа Орбан за унгарското радио Кошут.

Прашањето е само дали Западот ќе продолжи да ја финансира Украина, кажа тој.

„Во оној момент кога Америка и Европа ќе кажат „не“, војната ќе заврши“, истакна унгарскиот премиер.

Европа троши десетици милијарди долари на поддршка на Украина, дава пари за пензии, ги одржува државните институции, ги поддржува здравството и образованието, што според него, не може да трае вечно.

„Тоа се огромни суми, неколку десетици милијарди евра кои ѝ недостигаат на европската економија. Очигледно е дека така не може да се оди во недоглед“, додаде Орбан.

Според него, и Унгарија учествува во финансирањето на Украина преку заедничките буџети на Европската Унија, но и покрај тоа ситуацијата на унгарското малцинство во Закарпатје постојано се влошува.

Тензиите во односите меѓу Украина и Унгарија настанаа во позадината на дискусиите за украинскиот закон за образование, кој значително ја намалува можноста за образование на јазиците на националните малцинства. Законот стапи на сила во септември 2017 година и требаше да биде воведен во фази до крајот на 2020 година.

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто кажа дека Унгарија ќе продолжи да го блокира одржувањето на министерскиот состанок на комисијата Украина-НАТО, бидејќи нема напредок во решавањето на прашањата кои ја засегаат Будимпешта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ