Според градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, граѓаните можат да сметаат на брза интервенција доколку има потреба, за што во служба се ставени сите материјални и човечки ресурси од општината.
„За сите неопходни потреби, доколку заврне повеќе снег во вечерните часови како што се прогнозира, на располагање на граѓаните се ставени сите службени возила. Исто така, службите на општината се достапни 24 часа.
Контакт може да се оствари на телефонскиот број 078/207-687 – Далибор, на [email protected] или на Фејсбук – страницата на општина Кисела Вода. Граѓаните да бидат спокојни, во Кисела Вода нема да има непроодни улици“, се наведува во писмената изјава на градоначалникот.