четврток, 12 декември 2024

Општина Кисела Вода доби канцеларија за поддршка на идни брачни двојки

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и претседателката на Здружението на социјални работници, Светлана Трбојевиќ, денеска отворија канцеларија за социјална поддршка на млади брачни парови од општина Кисела Вода, лоцирана во Домот на култура “Билјана Беличанец”.

Објавено на

часот

Сподели

Оваа канцеларија, како што велат од Општината Кисела Вода, е прва и единствена од ваков вид во Македонија и ќе овозможи бесплатна стручна поддршка и совети за надминување на тешкотиите и одржување на здрава комуникација помеѓу идните брачни двојки, што е клучно за стабилноста на секое семејство.

Канцеларијата ќе работи во среда од 16:00 до 20:00 часот и сабота од 10:00 до 16:00 часот. Стручната помош и поддршка од страна на тимот се бесплатни. Потребно е претходно да се закаже термин на телeфонскиот број 02/3212 690. Термините се закажуваат  во понеделник од 10.00 до 12:00 часот.

„ Денеска со големо задоволство ја отвораме Канцеларијата за социјална поддршка на млади брачни парови, прва од ваков вид во нашата држава, посветена на жителите на Општина Кисела Вода. Оваа иницијатива е плод на нашата соработка со Здружението на социјални работници, кое го обезбедува професионалниот тим, додека општината го овозможи просторот во Домот на култура ‘Билјана Беличанец’. Ова е единствена можност во Македонија, каде младите брачни парови можат да добијат бесплатна и стручна поддршка за навремено справување со предизвиците во нивните односи“, изјавил градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Канцеларијата, додал, е создадена од потребата да се превенираат и спречат нарушените односи и семејни недоразбирања кои, за жал, сè почесто доведуваат до разводи.

Канцеларијата ќе работи два дена во неделата, секоја среда и сабота, по претходно закажани средби, што овозможува да се пристапи кон секое семејство индивидуално и со целосно внимание.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ