Како што соопштија од Општина Аеродром, акцијата што се спроведува во соработка со ЈП за комунални дејности на општината, досега се реализира во населбите Мичурин, Острово и 13 Ноември.
Денеска и утре садовите за собирање кабаст отпад се поставени на големиот паркинг кај пензионерскиот дом „Аеродром“ и на ул „Коста Новаковиќ“ број 42, кај контејнерите.
На 8 и 9 август, кабаст отпад ќе се собира на големиот паркинг кај градинката „Калинка“ и на улица „Милан Зечар“ кај воените кули, додека од 10 до 12 август (сабота, недела и понеделник) ќе бидат опфатени зградите на улицата „1.615“ во близина на кулите Џевахир и кај „Меѓаши зад пунктот на ЈП „Паркови и зеленило“.
„Паралелно со акцијата за собирање кабаст отпад, ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром неодамна спроведе и реорганизација на начинот на чистење, при што темелно се метат и мијат јавните површини, се косат тревниците и се кастрат гранките од дрвјата. Општина Аеродром повикува на совесно однесување, а доколку се забележи дека граѓани фрлаат кабаст и друг вид отпад на локации што не се наменети за тоа, ќе се применуваат најстроги казни. Со несовесното третирање на животната средина се создаваат лоши слики за општината и се нарушува квалитетот на животот на аеродромци“, се наведува во соопштението од Општина Аеродром.