среда, 16 октомври 2024

Опозицијата бара оставка од министерот Османи

Објавено на

часот

Сподели

„Непочитувањето кое СДС и ДУИ го прават кон Македонија стана пракса за која никој од нив не понесува одговорност. Затоа бараме кривична одговорност за Османи, надлежните органи веднаш да поведат постапка и конечно во Македонија да се поведе соодветна постапка за дела против нарушување на угледот на државата како што е овој случај. Воедно, Османи веднаш да поднесе оставка од позицијата министер за надворешни работи, тоа е најмалце што може да го направи после ваквиот недржавнички потег кој е понижувачки кон сите граѓани на Македонија“, рече Митева.

Според неа, срамен, недржавнички и понижувачки е односнот на Бујар Османи кој во својство на министер за надворешни работи на меѓудржавна средба не го користи македонскиот јазик како официјален јазик на Република Македонија.

„Имено, од официјалната средба на Османи со министерот за надворешни работи на Шпанија преку прес конференцијата јасно се гледа дека Османи единствено го употребува албанскиот јазик, иако е јасно кој е службен јазик на Македонија за меѓународна употреба утврден со Уставот. Ова однесување е кршење на Уставот на државата, но и на самиот Рамковен договор. Бујар Османи во својство на МНР на Македонија во добро познатиот негов надмен и понижувачки стил говори на течен албански јазик иако е назначен да ја преставува Република Македонија. Оваа власт на СДС и ДУИ, на чело со Османи како МНР трајно ги погазува македонските национални вредности, а македонскиот јазик е една од тие најголеми вредности кои ги има македонскиот народ. Додека граѓаните на Македонија ја плаќаат неговата министерска позиција најмалце што може Османи да направи е да ги почитува вредностите преку почитување на Уставот“, вели Митева.

Од ВМРО-ДПМНЕ бара Османи „да престане да биде лицемерен државник кој не пропушта прилика да нагласи како Македонија е почитувана земја од другите држави и конечно да почне тој самиот да ја почитува државата чиј државјанин е, а воедно и официјално именувано лице платено од парите на граѓаните“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ