Мачадо додаде дека и меѓународни сили се одговорни за она што се случува во Венецуела и повика на поголемо учество на меѓународната заедница.
Опозицијата во Венецуела ја оспорува победата на Мадуро на претседателските избори од 28 јули и тврди дека победил нејзиниот кандидат Едмундо Гонзалез Урутиа, кого како претседател го признаваат само Вашингтон и неколку земји од Јужна Америка.
За време на протестите на опозицијата против резултатите на изборите загинаа 11 цивили и еден војник, а над 1.200 луѓе се приведени.