вторник, 8 октомври 2024

ОН: Руските напади врз енергетската мрежа на Украина го прекршуваат хуманитарното право

Руските воздушни напади врз енергетската мрежа на Украина веројатно го прекршуваат меѓународното хуманитарно право, соопшти набљудувачката мисија на ОН, додека Украинците се подготвуваат за најлошата зима од почетокот на руската инвазија.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

За време на инвазијата, Русија истрела стотици ракети и беспилотни летала врз украинските капацитети за производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија.

Првиот голем бран напади се случи во есента и зимата 2022 година, неколку месеци откако Русија ја започна својата инвазија. Нападите продолжија во текот на целата војна, иако Москва значително ја засили својата кампања од март.

Секој бран напади ги остави украинските градови без струја.

Набљудувачката мисија на ОН за човекови права во Украина го фокусираше својот извештај на девет бранови напади помеѓу март и август 2024 година.

„Постојат разумни основи да веруваме дека повеќе аспекти на воената кампања за оштетување или уништување на цивилната инфраструктура за производство и пренос на електрична енергија и топлина во Украина ги прекршиле основните принципи на меѓународното хуманитарно право“, се вели во извештајот.

Набљудувачката мисија на ОН за човекови права во Украина вели дека посетила седум објекти оштетени или уништени во нападите, како и 28 локации погодени од нападите.

Киев вели дека напаѓањето на енергетскиот систем е воено злосторство, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на четворица руски официјални лица и воени офицери за бомбардирање на цивилна енергетска инфраструктура.

Москва вели дека енергетската инфраструктура е легитимна воена цел и ги отфрли обвинувањата против нејзините официјални лица како ирелевантни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ