Половина од раселените се мажи, по четвртина се жени и деца, соопшти агенцијата на ОН, цитирајќи податоци од работната група што распоредила свои претставници на различни делови на територијата.
Бремените жени и родилките, старите лица, инвалидите, хронично болните и оние на кои им е потребна итна медицинска помош, како и малолетниците без придружба се меѓу клучните ранливи групи меѓу раселените што на ова тешко патување тргнаа пеш, соопшти агенцијата.
Владата на Хамас вчера објави дека 300.000 раселени лица се вратиле на северот на територијата, откако израелската војска го одобри нивното враќање.