вторник, 12 ноември 2024

Обвинителството ќе гони богданчанка, фиктивно издавала станови во Скопје

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поднесе обвинителен предлог против 22-годишна жителка на Богданци која во периодот од 15 јули до 29 септември годинава измамила седум лица во Скопје, со намера за себе да прибави противправна имотна корист.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираше Обвинителството, кривичното дело измама обвинетата го сторила со лажно прикажување на факти дека ќе им изнајми сопствен стан во Скопје на оштетените и со тоа ги навела однапред да и исплатат во готово одреден паричен износ.

„По претходно објавени огласи за изнајмување станови преку социјалната мрежа фејсбук, секој од оштетените телефонски ja контактирал обвинетата и таа лажно им прикажала дека ќе им изнајми стан, барајќи да ѝ исплатат пари како аванс пред да се вселат. По уплатата, на секој од оштетените им давала на рака клучеви како да се од изнајмените станови на различни локации во Скопје. Меѓутоа, клучевите не одговарале на становите што наводно им ги изнајмувала и во нив живееле други луѓе. На овој начин обвинетата од оштетените прибавила пари во вкупен износ од 74.200 денари“, информираа од Обвинителството.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетата, која и беше определена поради опасност од бегство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ