вторник, 10 декември 2024

ОЈО ќе истражува дали и со кои пари партија предвреме плаќала за изборната кампања

Јавното обвинителство и Комисијата за следење на изборни нерегуларности ги следат сите информации и до овој момент до Јавното обвинителство за конкретниот настан не е доставена кривична пријава ниту од евентуални оштетени лица, ниту од Министерството за внатрешни работи како орган надлежен за откривање на кривични дела, велат од Јавното пбвинителство откако двете најголеми партии од опозицијата и од власта, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ меѓусебе се обвинија за изборни нерегуларности и пред почетокот на изборната кампања.

Објавено на

часот

Сподели

Инструментот на допрен глас, како и до сега, се користи доколку органите надлежни за откривање на кривични дела не постапуваат согласно надлежностите, велат од Обвинителството.

„Самата политичка партија во конкретниот случај веќе најави дека има намера да бара правна заштита и преку механизмите за граѓанска одговорност за клевета.
До овој момент, Комисијата на Јавното обвинителство за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборите има оформено еден предмет врз основа на наводи изнесени од една политичка партија кои се однесуваат на сомненија околу финансирање на изборна кампања на друга партија. Предметот е испратен на постапување на надлежно Основно јавно обвинителство“, информираа денеска од обвинителството.

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека со пари од РЕК Битола плаќале израелски експерт кој требало да работи на кампањата на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски. Опозициската партија уште и најави дека ќе поднесе тужба за клевета против СДСМ ако оттаму не се извинат поради обвинувањето оти серијата предизборни анкети објавени на Македонската радио телевизија во изминатиот период биле лажни и по нарачка од штабот на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ