Според пријавеното, осомничениот ѝ се јавил пред две недели и ја известил дека поради зголемување на вредноста на биткоинот, нејзината уплата од од 250 евра пораснала и во нејзиниот електронски паричник сега имала 16.500 долари. Исто така, според пријавеното, тој од неа побарал да спушти една мобилна апликација и да има пари на нејзината трансакциска сметка доколку сака да ги подигне парите.
„Како што е пријавено, таа ја спуштила апликацијата и подигнала кредит од финансиско друштво, а по некое време откако отишла во банка била известена дека парите биле префрлени на сметка на друго лице, по што сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираа од МВР.