петок, 27 септември 2024

Охрид доби Регионален центар за стручно образование и обука по европски стандарди 

Од денеска, во градот Охрид и во државата, и формално, почна со работа едно од најмодерните средно – стручни училишта во земјата, но, и пошироко – реконструрираниот и рехабилитиран Регионален центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошевски“, вели неговиот директор, професорот Марјан Радески. 

Објавено на

часот

Сподели

При неодамнешната посета на училиштето, со цел да се забрзаат завршните работи, со сличен став, се огласи и министерката за образование и наука, професор д-р Весна Јаневска, која подвлече дека училиштето ќе бидe трансформирано во модерна установа што ќе ги стимулира младите да  одбираат стручно образование и добро ќе ги подготвува за настап на пазарот на трудот.

Покрај модерни простории за образовна и стручна работа на учениците (вкупно 250), како, училници со озвучување и сензори за пријава на пожар, кујна, кабинети, ресторан и слично, во реконструирани и рехабилиотирани простории, влегува и наставниот кадар.

Исто така, во рамките на Центарот, е и Домот за сместување, атрактивен и со самата позиција – на првата крајезерска линија, со вкупно 120 легла во 40 преуредени соби, со комплетно нова инсталација, електрична и водоводна, нови купатила и слично.

Станува збор за инвестиција на Министерството за образование која, досега, го достигна износот од 1,7 милиони евра, меѓутоа, сумата, ќе биде поголема, бидејќи, во годинешната програма на Министерството за спорт, влезен е и проектот за уредување на спортските терени објекти.

Со сето тоа, градот и државата, добиваат образовен комплекс според европски стандарди, кој, иако е наменет за образование на деца од западна Македонија, ги надминува границите, бидејќи, тука, се школуваат и деца од соседна Албанија.

„Кога зборуваме за карактеристиките на Центарот, треба да се спомене дека со зафатот, отстранет е, здравствено штетниот азбестен покрив и заменет е со лимен, заменета е и комплетната столарија, заедно со енергетски ефикасна фасада, додека сончевите панели ќе значат голема заштеда од електрична енергија“, објаснува директорот Радески.

На народниот херој од антифашистичката и Народно ослободителна војна, Ванчо Питошески, чие име го носи центарот, во партнерниот просор му е подигнато спомен обележје со биста.

В.М.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ