вторник, 15 октомври 2024

Огромна експлозија во украински Вовчанск, се шпекулира дека Русите ја фрлиле најмоќната конвенционална бомба (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се шират тврдења дека руските сили го гаѓале украинскиот град Вовчанск во областа на Харков со исклучително моќна бомба, за која некои тврдат дека е термобаричното оружје ОДАМ-9000.

Објавено на

часот

Сподели

На снимката се гледа разорна експлозија во центарот на градот. Според некои руски воени блогери, експлозијата е предизвикана од ОДАМ-9000, која е позната како „татко на сите бомби“. Други тврдат дека станува збор за термобаричната бомба ФОАБ-1500.

Се верува дека ОДАБ-9000 е најмоќната руска термобарична бомба, дизајнирана да создаде масивен ударен бран способен да предизвика широко распространето уништување на голема површина. Ако нападот навистина е извршен со таа бомба, ова е прва забележена употреба на ОДАБ-9000 во борба.

Термобаричното оружје функционира така што се користи кислородот од околниот воздух за создавање интензивна експлозија и ударен бран. ОДАБ-9000 се смета а главно експериментална бомба, бидејќи е тестирана само еднаш во 2007 година и не е потврдена како дел од стандардниот руски арсенал.

Досега ФАБ-3000, уште една голема бомба, беше најкористената тешка воздушна муниција во Русија, надградена со систем за наведување, кој овозможува прецизни напади по утврдени цели.

Меѓутоа, силата на експлозијата во Вовчанск доведе до широко распространети шпекулации дека можеби е употребено нешто многу помоќно, како ОДАБ-9000.

Украинскиот специјализиран воен сајт Дифенс њуз ја доведува во сомнеж оваа теорија, имајќи предвид дека бомбата, во својот оригинален дизајн, се фрла директно над метата, а дека носачи се стратегиските бомбардери како Ту-160, Ту-95 или Ту-22М3.

Распоредувањето на таквото оружје во сегашните услови е малку веројатно, пишува Дифенс њуз, бидејќи речиси сигурно би довело до уривање на руските бомбардери со украински ракети земја-воздух.

Единствениот познат случај Русија да употребила Ту-22М3 за фрлање бомби е опсадата на Мариупол, каде ризикот беше минимален поради ограничената закана од противвоздушната одбрана.

Снимката од нападот на Вовчанск се чини дека покажува експлозија на наведувана бомба од класата од 1.500 до 3.000 килограми, што сугерира дека користеното оружје веројатно била наведувана бомба ФАБ-3000 или помалата термобарична бомба ОДАБ-1500.

Тие бомби обично се фрлаат од ловци-бомбардери Су-34, а нивната употреба е сè почеста на бојното поле.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ