среда, 16 октомври 2024

„Огнените“ од ДУИ демантираат дека ќе се приклучат на Беса

Објавено на

часот

Сподели

Од групата посочуваат дека информацијата објавена во некои медиуми оти ќе се приклучат кон Беса,  е невистина. Тие најавуваат дека во наредниот период ќе се интензивира „борбата за демократизација, транспарентност, воспоставување на принципот меритократија и отчетност во рамките на Демократската унија за интеграција“.

„На огнената група на која ѝ даваат поддршка една третина од гласачите на ДУИ не ѝ е местото надвор од ДУИ, туку треба да отстапат тие кои немаат ниту гласачи, ниту реализирани проекти, со што ќе се создаде место за млади подготвени и компетентни кадри кои ја знаат и ја сакаат ДУИ“, се посочува во соопштението.

Дел од медиумите деновиве објавија дека „огнената група“ од ДУИ ќе стане дел од Беса, за што во тек биле разговори и средби. Условот на Беса бил огнените прво да се трансформира во политичка партија, па потоа да им се придружат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ